Нова поштенска марка по повод 50 години Кинотека на Македонија
- Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот - 50 години постоење на оваа институција.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот - 50 години постоење на оваа институција.
На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски, како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов. лв/нд/
фото: МИА архива