• среда, 08 април 2026

Во Собранието настан за одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница

Во Собранието настан за одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април во Собранието денеска ќе се одржи настан „Од невидливост кон еднаквост - одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“. 

Најавени се обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, заменик-шефицата на Мисија на ОБСЕ во Скопје, Сусан Пенкса, како и на Јаше Сефер, претставник на ромската заедница во Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието.

Претходно, краток историјат за Ромите ќе презентира ученичка од Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари. 

Предвидена е и панел-дискусија за одржлива инклузија и правен идентитет на Ромите, на која ќе говорат Игор Здравковски, пратеник и координатор на интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција, како и пратениците членови на оваа група, Арбана Пашоли и Амар Мециновиќ, Соња Мираковска, членка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и координатор на работната група за Законот за матичната евиденција, и Елвис Шаќири, извршен директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. лв/нд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан