Сомалија и Саудиска Арабија потпишаа договор за воена соработка
- Овој договор дополнително ја зајакнува соработката во областа на одбраната и воените работи меѓу двете земји, опфаќајќи различни области од заеднички интерес за двете земји, објави сомалиското МО на платформата Икс
Могадишу, 9 февруари 2026 (МИА) – Министерот за одбрана на Сомалија, Ахмед Моалим Фики и беговиот саудиски колега Халид бин Салман ал Сауд во Могадишу потпишаа договор за воена соработка.
- Овој договор дополнително ја зајакнува соработката во областа на одбраната и воените работи меѓу двете земји, опфаќајќи различни области од заеднички интерес за двете земји, објави сомалиското МО на платформата Икс.
Со договорот помеѓу Могадишу и Ријад, Африканскиот Рог станува арена на конфронтација меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Договорот уследи откако Израел ја призна независноста на отцепениот регион од Сомалија наречен република Сомалиленд. Според експертите ОАЕ, кои соработуваат со Израел, стојат зад признавањето на Сомалиленд.
Владата на Сомалија тврди дека сè уште има контрола над територијата. Минатиот месец официјален Могадишу ги поништи сите договори со ОАЕ поради „непријателски акции“ од страна на Абу Даби, кои го поткопуваат националниот суверенитет на Сомалија.
Африканскиот Рог или Сомалиски полуостров се наоѓа во Источна Африка и излегува на Црвено Море и Аденски Залив. Неговата стратешка локација помеѓу Индискиот Океан и Суецкиот Канал, на еден од најпрометните трговски патишта во светот ја поттикна желбата на нафтените монархии за контрола на полуостровот.
Саудиска Арабија и ОАЕ се некогашни сојузници, првенствено против Хутите во Јемен, кои имаат поддршка од Иран. Но, односите помеѓу Ријад и Абу Даби се нарушени од крајот на декември минатата година кога ОАЕ ги поддржаа бунтовниците од Јужниот преоден совет (СТЦ) во Јемен Силите за брза поддршка во Јужен Судан. Саудиска Арабија пред еден месец нападна пристаниште каде што пристигна пратка оружје од ОАЕ, наменета за Јемен. Саудиска Арабија ги обвини ОАЕ дека вршат притисок врз силите на СТЦ да почнат воени операции во близина на јужната граница на Саудиска Арабија. Ријад предупреди дека таквите акции ја загрозуваат не само националната безбедност на Саудиска Арабија, туку и стабилноста на Јемен и поширокиот регион. ми/
фото: Википедија