• среда, 08 април 2026

Советот на јавните обвинители треба да ја одржи 42. седница

Советот на јавните обвинители треба да ја одржи 42. седница

Скопје, 8 април 2026 (МИА) – Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи четириесет и втората седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои разгледување писмена изјава за продолжување на вршењето функција член на Советот на јавните обвинители поднесена од страна на Кети Петкова.

На дневен ред на денешната седница е и донесување одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Ленче Ристовска по сопствено барање. 

Пред Советот на дневен ред е уште една одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Џулијана Мишевска поради исполнување услови за старосна пензија

На седницата Советот ќе треба да донесе и одлука за формирање комисија за постапување по дисциплински предмет. аа/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан