• сабота, 17 јануари 2026

Снежна бура ги зафати Њујорк и Њу Џерси

Снежна бура ги зафати Њујорк и Њу Џерси

Вашингтон, 27 декември 2025 (МИА) - Снежна бура погоди делови од североистокот на САД, вклучувајќи ги Њујорк и Њу Џерси, поради што патувањата после Божик станаа исклучително ризични, соопштија американските власти.

Според прогнозите, невремето би можело да донесе најголема количина снег во Њујорк во последните неколку години, објавува Еј-Би-Си.

Обилни снежни врнежи се очекуваат во делови од Њујорк, источна Пенсилванија, Њу Џерси, Конектикат, западен Масачусетс и Род Ајленд. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан