Смилковски: Го знаеме значењето на натпреварот
- Кошаркарите на ТФТ од Скопје вечерва го играат последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата
Скопје, 5. март 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ од Скопје вечерва го играат последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Тимот од скопската населба Тафталиџе гостува кај Јахорина Пале.
- Не очекува исклучително тежок натпревар, последен од регуларниот дел пред стартот на плеј офот. Победата е императив за двете екипи, а конечниот резултат, па дури и кош разликата директно ќе влијаат врз конечниот изглед на табелата. Екипата на Јахорина има одлични резултати со неколку промени во ростерот. Подготвени сме да го дадеме својот максимум, иако сме некомплетни поради неколку повредени играчи, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.
Почетокот на дуелот е во 18 часот, а до крајот на регуларниот дел со овој треба да се одиграат уште три натпревари. ТФТ е на осмото место со скор 5-2 (победи – порази), додека Јахорина Пале има скор 4-3, колку што има и вториот македонски претставник во оваа лига МЗТ Скопје Аеродром (деветто место). мн/
Фото: МИА