Словенија погодена од невреме
- Словенија денеска е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Ветерот носеше кровови од комерцијални и станбени згради, а беа соборени и неколку дрвја
Љубљана, 27 мај 2026 (МИА) – Словенија денеска е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Ветерот носеше кровови од комерцијални и станбени згради, а беа соборени и неколку дрвја.
Словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека ситуацијата е најлоша во подрачјето на Марибор.
На аеродромот во близина на Љубљана ветерот достигна брзина од 85 километри на час.
Според метеоролозите можни се поројни дождови и грмотевици. ми/
фото: МИА архива