• вторник, 31 март 2026

Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“

Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“

Скопје, 31 март 2026 (МИА) -  Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Утре, Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. сст/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан