„Си-би-ес њуз“: Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
- Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе в сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Вашингтон, 19 февруари 2026 (МИА) - Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе в сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници.
Разговорите се опишани како „континуирани“, а Белата куќа ги проценува ризиците од ескалација и политичките и воените последици од воздржаноста. рп/
Фото: МИА архива