• петок, 06 март 2026

СЗО ќе доставува итна медицинска помош со авиони од Дубаи

СЗО ќе доставува итна медицинска помош со авиони од Дубаи

Женева, 6 март 2026 (МИА) – Светска здравствена организација планира да започне со воздушни испораки на итна медицинска помош од еден од своите најголеми логистички центри во Дубаи.

- Операциите во центарот повторно се активирани по привремено затворање, откако локалните власти дозволија користење на воздушниот простор - изјави регионалната директорка на СЗО Ханан Балхи на прес-конференција во Женева.

Ден претходно таа предупреди дека магацинот не е достапен поради безбедносната ситуација поврзана со војната со Иран.

СЗО досега добила 50 итни барања за медицинска помош од овој магацин.

Помошта е наменета за околу 1,5 милиони луѓе, меѓу кои и во Сомалија, Либан и Појасот Газа.

Балхи додаде дека испораките по морски пат засега не се можни, бидејќи Ормускиот теснец моментално е непрооден. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан