• петок, 10 април 2026

СЗО: Над 4,25 милиони лица се раселени поради војната на Блискиот Исток

СЗО: Над 4,25 милиони лица се раселени поради војната на Блискиот Исток

Женева, 9 април 2026 (МИА) – Војната на Блискиот Исток доведе до раселување на повеќе од 4,25 милиони раселени лица, соопшти Светската здравствена организација.

Според најновиот извештај, во војната досега загинаа приближно 4.100  лица, а речиси 45.700 лица се повредени во регионот од почетокот на американско-израелската војна против Иран кон крајот на февруари.

СЗО наведува дека 3,2 милиони луѓе се раселени во Иран, а повеќе од еден милион во Либан.

Најголем број жртви се регистрирани во Иран и Либан – околу 2.400, односно 1.700 загинати. Во Ирак се евидентирани 109 жртви, а во Израел 24.

Во Иран се регистрирани повеќе од 32.000 повредени лица, додека во Израел, кој беше погоден од ирански одмазднички напади, има над 7.000 повредени.

Во Либан, каде Израел спроведува напади во рамки на борбата против Хезболах, повредени се речиси 6.000 лица.

Во извештајот не се наведуваат конкретни извори за податоците, но статистиката на СЗО вообичаено се базира на информации од националните власти. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан