• сабота, 14 март 2026

Селекторот Берокал го објави списокот со кошаркари за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот Берокал го објави списокот со кошаркари за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, денес го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.

За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) на 27 февруари и Азербејџан (во Баку) на 2 март, новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.

На списокот се наоѓаат: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Андреј Митревски, Лука Стојановски, Теодор Симиќ, Виктор Ташовски, Амар Хот, Адем Мекиќ, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Андреј Јакимовски и Итан Хап.

Првиот официјален собир-тренинг за македонските кошаркари е закажан за 23 февруари со почеток во 10 часот, во салата „Градски парк“ во Скопје. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан