• петок, 20 февруари 2026

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија

Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

На дневен ред на Комисијата е Предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово, поднесена од пратениците Али Ахмети, Арбана Пашоли, Бејџан Иљас, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Елми Азири, Зиадин Села, Илир Демири, Илир Хасани, Илире Даути, Исмаил Јахоски, Муса Џафери, Ријад Шаќири, Рина Ајдари, Садик Сулејмани, Садула Дураки, Сали Мурати, Скендер Реџепи, Талат Џафери, Халил Снопче. фф/хс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан