• среда, 25 февруари 2026

Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Северна Македонија и Хрватска

Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Северна Македонија и Хрватска

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе биде одржан седмиот состанок на меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Со состанокот ќе копретседаваат заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас.

Меѓувладината мешовита комисија е формирана во согласност со спогодбата за заштита на правата на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија, потпишана во Сплит во 2007 година, и претставува клучен билатерален механизам за унапредување на малцинските права и јакнење на европските демократски стандарди.

На состанокот ќе се разгледуваат прашања поврзани со состојбата и унапредувањето на правата на националните малцинства во двете држави, со посебен акцент на образованието, културата, информирањето, институционалната поддршка и имплементацијата на претходните препораки на Комисијата, соопшти МНРиНТ.

Пред почетокот на состанокот, во 11 часот, предвидени се изјави за медиумите, кои ќе ги дадат копретседавачите на Комисијата.са/

Фото: МИА



Остани поврзан