Седми конгрес на НСДП
- Нова социјалдемократска партија-НСДП денеска напладне ќе го одржи Седмиот конгрес, на кој треба да се изврши избор на органи на партијата - претседател, членови на Централен одбор и членови на Надзорен одбор на НСДП.
Скопје, 31 мај 2026 (МИА) - Нова социјалдемократска партија - НСДП денеска напладне ќе го одржи Седмиот конгрес, на кој треба да се изврши избор на органи на партијата - претседател, членови на Централен одбор и членови на Надзорен одбор на НСДП.
Во Работниот дел на Конгресот ќе бидат разгледани и Извештај за работата на НСДП помеѓу Петтиот и Седмиот Конгрес, 2022-2026 година, конгресните документи: - Предлог – Декларација за заштита на трудот, Предлог – Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос, како и Предлог – Етички кодекс на НСДП.
Во свечениот дел пред делегатите, гостите и медиумите ќе се обрати претседателот на Нова социјалдемократска партија-НСДП, Горан Мисовски. сст/
Фото НСДП