• петок, 17 април 2026

Седлоски ги објави стартните 11 за дуелот со Данска

Седлоски ги објави стартните 11 за дуелот со Данска

Копенхаген, 26.март 2026 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги одреди стартните единаесет фудбалери за вечерашниот дуел со Данска. На своето деби на селекторската позиција Седлоски се реши за следните играчи: Димитриевски (голман) – Стојчевски, Зајков, Муслиу (одбрана) – Чурлинов, Елмас, Атанасов, Барди, Херера (среден ред) – Ќамили, Растодер (напад).

На клупата за резерви се: Илиев, Шишковски (голмани), Бејтулаи, Серафимов, Трајковски, Мусовски, Велковски, Николов, Дориев, Ристовски, Миовски и Алими. 

Натпреварот Данска – Македонија почнува во 20:45 часот и се игра на Паркен стадионот во Копенхаген. мн/

Фото: ФФМ Фејсбук

Остани поврзан