• сабота, 16 мај 2026

Севиља „бега“ од зоната за испаѓање

Севиља „бега“ од зоната за испаѓање

Севиља, 5.мај 2026 (МИА) – Екипата на Севиља со победата синоќа над Реал Сосиедад од 1:0 освои нови три бодови и ја „напушти“ зоната за испаѓање во Примера. Севиља на домашен терен во последниот натпревар од 34.коло ја совлада екипата на Реал Сосиедад со 1:0 и ја оствари десетата победа.

Решавачкиот гол во 50.минута го постигна Алексис Санчез.

До крајот на сезоната во шпанското првенство има да се одиграат уште четири кола, а во опасната зона за испаѓање се од 12.то пласираната Валенсија со 39 бодови, колку што има и Еспањол, Елче, Мајорка и Џирона имаат по 38, Севиља 37, како и 18.то пласираниот Алавес. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан