Северноамериканската команда за воздушна одбрана - NORAD открила и следела неколку руски воени авиони во близина на Алјаска
- NORAD открила и следела два руски авиона „ту-95“, два „су-35“ и еден „ А-50“, кои дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопшти американско-канадската организација за одбрана.
Вашингтон, 20 февруари 2026 (МИА) - Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) вчера соопшти дека открила и следела повеќе руски воени авиони, кои дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ) во близина на Алјаска.
NORAD открила и следела два руски авиона „ту-95“, два „су-35“ и еден „ А-50“, кои дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопшти американско-канадската организација за одбрана.
NORAD соопшти дека одговорил со лансирање два авиона „Ф-16“, два „Ф-35“, еден „E-3“ и четири „KC-135“ за да го пресретнат, позитивно идентификуваат и следат авионот.
Руските воени авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во суверениот воздушен простор на САД или Канада, соопшти NORAD, додавајќи дека авионите биле следени сè додека не ја напуштиле ADIZ на Алјаска. сд/мс/
Фото:МИА архива