Во Велес се одржа „Априлијада“ 2026
- Многу шарени и интересни костими од бајките и филмовите и маски од кои некои ги направија и учениците и дечињата со своите наставници и родители, денеска продефилираа на бините во сите велешки училишта и градинки, а во рамките на програмата „Априлијада“ 2026 за одбележување на 1 април, Денот на шегата, што беше организиран со поддршка од Општина Велес.
Велес,1 април 2026 (МИА) – Многу шарени и интересни костими од бајките и филмовите и маски од кои некои ги направија и учениците и дечињата со своите наставници и родители, денеска продефилираа на бините во сите велешки училишта и градинки, во рамките на „Априлијада“ 2026 за одбележување на Денот на шегата 1 Април, што беше организиран со поддршка од Општина Велес.

Во сите училишта децата кои продефилираа во костими и маски пред нивните другарчиња и наставници, сите ги следеше жири комисија составена од нивни другарчиња. Тие на крајот на програмата во сите училишта и градинки прогласија најиновативната и најсмешната маска како и најдобра групна маска и им доделија благодарници.
.
Во Општинското основно училиште „Блаже Конески“ за најдобра групна маска беше прогласена групата со костими бонбони „тик - так“ од трето еден одделение заедно со нивната наставничка Весна Јовевска.
Во изјавата за МИА, наставничката Весна Јовевска ни појасни дека за костимите „тик- так“ се договориле сите заедно и децата и родителите и таа со нив, а потоа и заеднички ја изработиле.

ад/нд/
Фото: МИА