• среда, 18 март 2026

Се зголемуваат случаите на менингитис во југоисточна Англија

Се зголемуваат случаите на менингитис во југоисточна Англија

Лондон, 18 март 2026 (МИА) - На дваесет лица им е дијагностициран менингитис во југоисточна Англија.

Владата соопшти дека станува збор за невидена епидемија, која веќе одзеде два живота.

„Она што нè загрижува во врска со епидемијата во Кентербери се брзината и обемот на ширење на болеста“, изјави денеска британскиот министер за здравство Вес Стритинг за Би-би-си.

„Ситуацијата се развива бргу и би можеле да се појават повеќе случаи“, предупредија британските здравствени власти.

Досега сите засегнати се млади. Повеќето од случаите се поврзани со ноќен клуб што го посетиле студенти во Кентербери од 5 до 7 март - рече министерот за здравство. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан