• петок, 20 февруари 2026

СДСМ: 17 дена нема одговор за најголемиот наркоскандал

СДСМ: 17 дена нема одговор за најголемиот наркоскандал

Скопје, 17 февруари 2026 

Трета недела веќе, 17 дена, нема одговор како 5 тони дрога, вредна 40 милиони евра, поминале преку македонската граница во Србија. Сите молчат за најголемиот наркоскандал во регионот, сите се прават дека ништо не знаат, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски, цела Влада не знае.

На 65 илјади камери, скренери, контроли, полиција, царина и никој ништо да не знае?

Молкот не е случаен, молкот е потврда дека скандалот со 5 тони дрога води во врвот на власта и дека некој де обидува да го забошоти.

Не поминува дефокусот, ниту лицитациите на Мицкоски за наводно запленета нелегална марихуана од 25, 40 или 100 тони.

Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, виновна е повторно Владата. Одговорност мора да има и за МВР, и за Здравство, и за Земјоделство, и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале, за сите што требало да спречат, а не спречиле.

СДСМ нема да дозволи најголемиот наркоскандал да се забошоти. Сите ќе одговараат.

Фото: МИА архива

Остани поврзан