Салвадорската морнарица заплени рекордни 6,6 тони кокаин во Пацификот
- Салвадорската морнарица заплени 6,6 тони кокаин во Пацификот, што е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, изјави претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле.
Сaн Салвадор, 16 февруари 2026 (МИА) - Салвадорската морнарица заплени 6,6 тони кокаин во Пацификот, што е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, изјави претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле.
Тој рече дека салвадорската морнарица пресретнала брод што пловел под танзаниското знаме во Тихиот Океан и транспортирал 6,6 тони кокаин, чија проценета улична вредност би била 165 милиони долари, објави „Фигаро“.
Букеле изјави дека за да се пронајдат дрогата, која била скриена во резервоари, биле вклучени воени нуркачи. рп/
Фото: МИА архива