• петок, 06 март 2026

САД привремено ќе укинат дел од санкциите за Индија да може да купува руска нафта

САД привремено ќе укинат дел од санкциите за Индија да може да купува руска нафта

Вашингтон, 6 март 2026 (МИА) – Американското Министерство за финансии соопшти дека привремено ќе укине дел од санкциите за да ѝ дозволи на Индија да купува руска нафта.

Според лиценцата издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии, олеснувањето на санкциите ќе важи до 4 април и ќе се однесува само на нафта купена од индиска компанија и испорачана и истоварена во индиско пристаниште.

САД во октомври воведоа санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, „Росњефт“ и „Лукоил“, поради руските напади врз Украина

И покрај санкциите, рускиот претседател Владимир Путин ја посети Индија во декември, кога тој и индискиот премиер Нарендра Моди објавија програма за економска трговија. Индиските претставници посочија дека ќе се придржуваат кон меѓународните санкции. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан