• четврток, 25 декември 2025

САД воведоа санкции против бродски компании и бродови поврзани со Иран

САД воведоа санкции против бродски компании и бродови поврзани со Иран

Вашингтон, 18 декември 2025 (МИА) – САД денеска воведоа санкции на 29 бродови и нивните компании оператори поврзани со Иран, соопшти американското Министерство за финансии.

САД ги заоструваат мерките против иранската „флота во сенка“, која, како што тврди Вашингтон извезува нафта и други нафтени продукти.

Санкционираните бродови и компании транспортираа производи во вредност од стотици милиони долари, користејќи се со измамнички практики, се наведува во соопштението од американското Министерство за финансии. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан