• понеделник, 19 јануари 2026

САД ветија само две милијарди долари за хуманитарната помош на ОН

САД ветија само две милијарди долари за хуманитарната помош на ОН

Женева, 29 декември 2025 (МИА) – САД денеска соопштија дека ќе издвојат две милијарди долари за Обединети нации за хуманитарна помош.

САД годинава ја намалија странската помош, а водечките западни донатори на ОН, како што е Германија, го направија истото за да ги пренасочат средствата кон одбраната, што доведе до недостиг на средства во ОН.

Директорот на Канцеларијата на ОН за координација со хуманитарните работи (ОЦХА), Том Флечер истакна дека хуманитарните активности биле преоптоварени и недоволно финансирани, што значи дека ОН морала да донесе „брутални одлуки“ за да им даде приоритет на оние на кои им е најпотребна.

Стејт департментот соопшти дека „поединечни агенции на ОН ќе мора да се адаптираат намалат или умрат“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан