• четврток, 25 декември 2025

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Москва, 23 декември 2025 (МИА) – Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека руските и американските воделе разговори за решавање на прашањата што предизвикуваат тензии помеѓу двете земји, но оти главните проблеми остануваат нерешени.

- Се очекува следната рунда вакви контакти да се одржи на почетокот на пролетта, најави Рјабков.

Претставници на Русија и на САД разговараа за начините за решавање на голем број спорни прашања што влијаеле на работата на нивните амбасади. Разговорите се водат одделно од преговорите помеѓу Русија и САД за ставање крај на војната во Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан