Руте: Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од секакви закани, од која било насока
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал за Иран и регионалната безбедност со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле за важноста на пристапот од 360 степени на алијансата кон безбедноста и нејзината подготвеност да одврати и да се брани од закани од која било насока.
Брисел, 2 март 2026 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал за Иран и регионалната безбедност со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле за важноста на пристапот од 360 степени на алијансата кон безбедноста и нејзината подготвеност да одврати и да се брани од закани од која било насока.
„Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од какви било закани, од која било насока“, објави Руте на „Икс“.
За време на разговорот со генералниот секретар на НАТО, Ердоган рече дека на дипломатијата мора да ѝ се даде шанса за да се постигне траен, одржлив мир, соопшти турското претседателство. рп/
Фото: МИА архива