• среда, 25 февруари 2026

Рускиот капетан на брод Владимир Мотин осуден на шест години затвор поради судирот со танкер со нафта во Северното Море

Рускиот капетан на брод Владимир Мотин осуден на шест години затвор поради судирот со танкер со нафта во Северното Море

Лондон, 5 февруари 2026 (МИА) - Рускиот капетан на брод Владимир Мотин е осуден на шест години затвор откако неговиот контејнерски брод удри во американски танкер со нафта во Северното Море во март минатата година, при што загина еден член на екипажот.

Педесет и деветгодишниот Мотин беше прогласен за виновен за убиство од небрежност пред судот во Олд Бејли во Лондон, пренесува „Скај њуз“.

Неговиот брод, „Солонг“, се судри со „Стена Имкулејт“ во близина на устието на реката Хамбер, а двата брода беа натоварени со запаливи материјали и беа зафатени со пожар. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан