• недела, 19 април 2026

Русија го нападна Чернигов во северна Украина

Русија го нападна Чернигов во северна Украина

Киев, 17 април 2026 (МИА) – Руските сили ноќеска извршиле напади од воздух врз енергетски објекти во северниот украински град Чернигов, што резултирало со прекини во електроснабдувањето во повеќе делови од градот, соопштија локалните власти.

Регионалниот воен администратор, Дмитро Бризжински, информира дека неколку објекти од енергетската инфраструктура биле погодени и опожарени. Во првичните информации нема податоци за повредени лица.

Тој не прецизираше каков тип оружје бил употребен во нападот.

Руските сили и претодно овој месец гаѓаа објекти од системот за снабдување со електрична енергија на Чернигов, при што без струја останаа околу 340 илјади граѓани.

Украина повеќе од четири години е во конфликт со Русија, а честите напади на руските сили врз енергетската инфраструктура доведуваат до долготрајни прекини на струја и греење за милиони граѓани. аб/мс

фото/МИА архива

Остани поврзан