Рубио ќе ја предводи американската делегација на Минхенската безбедносна конференција
- Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе предводи делегацијата од американски претставници на Минхенската безбедносна конференција кон крајот на неделава, изјави претседателот на годишниот собир на експерти за безбедност и политичари, Волфганг Ишингер.
Берлин, 9 февруари 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе предводи делегацијата од американски претставници на Минхенската безбедносна конференција кон крајот на неделава, изјави претседателот на годишниот собир на експерти за безбедност и политичари, Волфганг Ишингер.
- Се очекува да присуствуваат повеќе од 50 членови на Конгресот, како и гувернерите на Мичиген и Калифорнија. Според мене, трансатлантските односи во моментов се во значителна криза на доверба. Затоа е особено задоволувачки што американската страна покажува толку силен интерес за Минхенскиот форум“, изјави Ишингер на прес-конференција во Берлин. рп/сд/
Фото: МИА архива