• петок, 19 декември 2025

Росоман исплати по 12 илјади денари на родители кои имаат новороденче 

Росоман исплати по 12 илјади денари на родители кои имаат новороденче 

Росоман, 18 декември 2025 (МИА) - Росоман исплати по 12 илјади денари на родители кои имаат новороденче, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски на Фејсбук. 

- Денес беше извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои имаа поднесено Барање за новороденче. Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства, соопшти Крстевски.

Притоа подвлече дека грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман. свд/лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан