Ристоска: Изборот на државен јавен обвинител мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност
- Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност, вели обвинителката Ленче Ристоска во реакција на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност - вели обвинителката Ленче Ристоска во реакција на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски.
- Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека, без разлика на компетентноста, подобноста е примарна, а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество - посочува Ристоска во реакцијата.
Премиерот Мицкоски вчера во интервју за ТВ „Канал 5“ рече дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавните обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска. вј/вг/
Фото: МИА архива