• недела, 08 март 2026

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа

Мадрид, 15 февруари 2026 (МИА) - Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26.

„Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига. 

Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум.

Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор.

Клубот од Мадрид е на врвот на табелата во Ла Лига со 60 бода по 24 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан