Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се фокусира на своите криминални шеми и на внатрепартиските проблеми, а не да манипулира за дневнополитички поени
- СДС си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниеден конкретен доказ за незаконско постапување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 12 јануари 2026
СДС си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниеден конкретен доказ за незаконско постапување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијатга на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Уште еднаш е јасно дека СДС демонстрира површност и непрофесионалност.
Сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани во согласност со Законот за јавните набавки преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од сите надлежни институции.
Наместо да шири шпекулации и наводи од анонимни свиркачи, СДС треба да одговори за сопствените корупциски скандали и за уништената доверба на граѓаните во институциите за време на нивното „успешно“ владеење кога ја пљачкаа државата, ги уништуваа институциите и го осиромашуваа народот за сега со украдените пари да тераат бизниси во светски дестинации како Дубаи.
Граѓаните заслужуваат сериозна и одговорна политика, а не импровизации за дневнополитички поени.
И за крај, СДС, кога веќе зборува за фотеЉата на Орце, добро е првин нивниот АКТ-тим да научи како се пишува зборот затоа што кога не се знае правописот, тешко се држи лекција за политика!
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
