• четврток, 16 април 2026

Рамадани: Свесни сме за значењето на мечот против Данска

Рамадани: Свесни сме за значењето на мечот против Данска

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува подготовките во Скопје за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.

Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, истакнува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи.

- Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и да биде исходот, тоа е составен дел од спортот, а конечниот резултат ќе биде вистински одраз на прикажаното.

Рамадани додава дека атмосферата во тимот е на високо ниво.

- Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање.

Натпреварот во Копенхаген е закажан за в четврток (26 март) со почеток во 20 часот и 45 минути. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан