• сабота, 16 мај 2026

Ракометарите на Фуксе Берлин први учесници на Ф4 во Келн

Ракометарите на Фуксе Берлин први учесници на Ф4 во Келн

Берлин, 6.мај 2026 (МИА) – Ракометарите на Фуксе Берлин први обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако во реванш четвртфиналето на домашен терен по изведување пенали го победија Веспрем – 35:33. Во регуларниот дел резултатот беше 31:30, а унгарскиот тим победи на првиот дуел 35:34 и вкупниот резултат беше 66:66.

Голманот на Берлин, поранешниот „вардарец“ Дејан Милосављев одбрани два седмерци, а голот за победа го постигна Матијас Гидсел.

Инаку, Берлин во првото полувреме водеше со 17:11, а гостите намалија на 17:15 и во завршницата стигнаа до 29:29 (57.минута).

На другите дуели: Алборг – Спортинг 37:36 (31:31 на првиот натпревар) и Барселона – Нант 31:21 (32:30 за Барселона во првиот натпревар).

Пласман во полуфиналето и на завршниот турнир изборија досега: Фуксе Берлин, Барселона и Алборг.

Утре се игра последното четвртфинале меѓу Магдебург и ПИК Сегед (35:28 за Магдебург). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан