Работна средба во Општина Куманово за решавање на проблеми во рурални средини
- Жените од руралните подрачја од Куманово ги презентираа проблемите на нивните населени места пред претставниците на локалната власт во градот, информираа денеска надлежните. Претставничките од селата Табановце, Биљановце, Пчиња, Романовце, Тромеѓа и населбите „Карпош“, „Перо Чичо“ и „Иго Тричковиќ“ ги презентираа проблемите пред секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска и раководителите од повеќе општински сектори, на работната средба, за решавање на приоритетни проблеми од заедниците, со поддршка на хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово.
Куманово, 18 декември 2025 (МИА) - Жените од руралните подрачја од Куманово ги презентираа проблемите на нивните населени места пред претставниците на локалната власт во градот, информираа денеска надлежните. Претставничките од селата Табановце, Биљановце, Пчиња, Романовце, Тромеѓа и населбите „Карпош“, „Перо Чичо“ и „Иго Тричковиќ“ ги презентираа проблемите пред секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска и раководителите од повеќе општински сектори, на работната средба, за решавање на приоритетни проблеми од заедниците, со поддршка на хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово.
-На состанокот беа изложени проблеми од повеќе области, кои ги засегаат жителите на единиците на локалната самоуправа. Целта на оваа средба е според поединечната презентација и дискусија, да се премине на решавање на проблемите од витално значење за жителите на населбите: асфалтирање на улици, расчистување на дивите депонии, ограда на училиште ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово, пристап до чиста и безбедна вода за пиење, канализација, јавен превоз и слично, информираа од општината.
Преку средбата се зајакнувана локалното граѓанско учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво и информирање на ЕЛС, за националното застапување на ХЗ „Мајка“-Куманово пред клубот на пратенички во Собранието. ам/
Фото: МИА