• среда, 15 април 2026

Пјер де Гол: Ароганцијата на САД ќе доведе до пораз на републиканците во ноември

Пјер де Гол: Ароганцијата на САД ќе доведе до пораз на републиканците во ноември

Париз, 13 април 2026 (МИА) – Соединетите Американски Држави го нарушуваат сопствениот углед со навредување странски шефови на држави и со својата арогантна политика, изјави Пјер де Гол, внук на поранешниот француски претседател Шарл де Гол, во изјава за ТАСС.

Според него, „кратковидата политика“ на Вашингтон, која вклучува наметнување санкции и бомбардирање на оние кои не се согласуваат со нив, потенцијално ќе ги чини републиканците пораз на ноемвриските избори за Претставничкиот дом.

- Трамп оди предалеку и ќе изгуби на среднорочните избори во ноември. Повеќе нема да може да прави што сака - додаде претседателот на Фондацијата за мир и просперитет меѓу народите.

Де Гол, исто така, повтори дека Франција треба да ја напушти интегрираната воена командна структура на НАТО и да се врати на својата стратешка независност, оценувајќи дека Алијансата станала орудие на агресивна политика која го загрозува светскиот мир. ссм/

фото: архива

Остани поврзан