ПФЛ: Дербито се игра во Струга – гостува првакот Вардар
- Со денешните два натпревара ќе биде комплетирано третото коло од Првата фудбалска лига
Струга/Скопје, 16.август 2026 (МИА) – Со денешните два натпревара ќе биде комплетирано третото коло од Првата фудбалска лига. Дерби дуелот ќе се игра во Струга каде домашниот тим Струга Трим Лум го пречекува шампионот Вардар. Првакот ќе бара шанса за рехабилитација за поразот во претходното коло на домашен терен од Шкендија Тетово. Почетокот на дуелот е во 16:30 часот.
Последниот дуел од оваа рунда од 19 часот го играат Шкендија Тетово и Брегалница Штип.
На вчера одиграните дуели: Силекс – Скопје 3:0 и Тиквеш – Шкендија Арачиново 0:1, додека во петокот Арсими го совлада Башкими со 1:0. мн/
Фото: ФФМ