• понеделник, 19 јануари 2026

Протест во Валона поради петдневниот прекин во водоснабдувањето

Протест во Валона поради петдневниот прекин во водоснабдувањето

Тирана, 29 декември 2025 (МИА) – Познатиот албански приморски град Валона, веќе петти ден е без вода за пиење, што ги револтира жителите кои протестираа пред општинската зграда барајќи итно надминување на проблемот.

- Откако вчера насилно влегоа во објектот каде општинската администрација имаше предновогодишна средба и се судрија со полицијата, денеска поддржани од граѓански организации и поддржувачите на Демократската партија се пред општинската зграда, објави Топ чанел.

Според истиот извор тие се обиделе да влезат во зградата, фрлале со шишиња наполнети со морска вода и се судриле со големото полициско обезбедување.

- Кризата со водоснабдувањето е предизвикана од голем дефект на главната водоводна линија, додека обидите за нејзино санирање во текот на изминатите денови беа неуспешни поради високиот притисок што продолжува да ги уништува санитарните делови, додава телевизијата.

Попладнево пристигнаа цистерни со вода од каде се снабдуваат жителите а регионалната болница и институциите од посебно значење, се снабдуваат преку противпожарни чамци од изворот „Студена вода“.

Ваквата состојба негативно влијае врз туризмот, за време на новогодишните и божиќни празнувања, зашто Валона е посакувана дестинација на странските туристи. вт/ми/

Фото: принтскрин

Остани поврзан