• среда, 14 јануари 2026

Пронајдени 25 тони пиротехника, приведени две лица од кои едно полициски службеник

Пронајдени 25 тони пиротехника, приведени две лица од кои едно полициски службеник

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Во товарно возило со струшки таблички вчера пронајдена е поголема количина пиротехнички средства без никаква документација. 

Возачот со иницијали Н.Р. и сопатникот И.Р. кој бил полициски службеник, изјавиле дека пиротехниката е на правно лице од Скопје, а при контролата во магацинот на тоа правни лице пронајдено е уште едно товарно возило со пиротехника.

- Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи. бак/вј/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан