• сабота, 11 април 2026

Пронајдена почината кумановка во Средорек

Пронајдена почината кумановка во Средорек

Куманово 22 март 2026 (МИА) - Пронајдена е почината жена во кумановски „Средорек“, соопшти денеска полицијата. Вчера во 17:43 часот во СВР Куманово, лекар од Итна помош Куманово пријави дека во дворно место на улицата „Средорек“ во Куманово била пронајдена почината Г.Д. (50) од Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Телото е предадено на Институт за судска медицина Скопје за вршење обдукција. ам/вј/

Фото: МИА

 

Тагови

Остани поврзан