Пронајдена експлозивна направа во велешката населба Трпезица
- Вработен во Јавно комунално претпријатие „Дервен“ од Велес, вчера, околу 12:00 часот при извршување на работни задачи на ул.„Милан Војницалија“ во населбата Трпезица во окoлината на Велес пронашол експлозивна направа.
Велес, 27 март 2026 (МИА) - Вработен во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес вчера околу 12:00 часот, при извршување на работни задачи на улицата „Милан Војницалија“ во населбата Трпезица, пронашол експлозивна направа.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, по добиената пријава од комуналното претпријатие, на местото на настанот извршен бил увид од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Експлозивната направа била безбедно подигната и дислоцирана за понатамошна постапка. ад/дма/
Фото:МИА архива