• петок, 20 февруари 2026

Привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани

Привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани

Кочани, 6 февруари 2026 (МИА) - Поради интервенции на водоводната мрежа воведен е привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани. Затворен е потегот од кракот на улицата „Маршал Тито“ кај Катастарот, сè до кружниот тек во Стришани.

Екипи на КЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектот и обезбедување непречен проток на сообраќајот.

Надлежните служби апелираат за зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација од страна на сите учесници во сообраќајот. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан