Приведено лице од струшко Корошишта, одземена марихуана
- Струшката полиција привела 26 годишник од селото Корошишта, во автомобилот во кој се наоѓал пронашла и одзела марихуана, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 4 февруари 2026 (МИА) - Струшката полиција привела 26 годишник од селото Корошишта, во автомобилот во кој се наоѓал пронашла и одзела марихуана, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера, во 21 часот и 50 минути во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Д.(26) од селото Корошишта.
- При преглед во паркирано моторно возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана, стои во соопштението.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/вј/
Фото МИА архива