• вторник, 31 март 2026

Приведени шестмина за безобѕирно управување возило, еден предизвикал и сообраќајка

Приведени шестмина за безобѕирно управување возило, еден предизвикал и сообраќајка

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Полициските службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираа од МВР.

Од Министерството апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

- Да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, нагласија од МВР. бд/вг/

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан