Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен
- Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдула Ерен на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка, соопшти собраниската прес-служба.
Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдула Ерен на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка, соопшти собраниската прес-служба.

Гаши изразил голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Северна Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области како што се образованието, здравството, земјоделството и инфраструктурата.
- За време на средбата, посебен акцент беше ставен на силното пријателство меѓу Северна Македонија и Турција, на која соработката ѝ даде нова димензија со меѓусебни посети на различни институционални нивоа, се вели во соопштението.
Претседателот на ТИКА, Абдула Ерен го информирал Гаши за идните проекти и планови, а средбата завршила со заложба за продолжување на партнерството. лв/мч/
фото: Собрание