• сабота, 19 септември 2026

Премиерите на Велика Британија и Луксембург, претседателите на Молдавија и Естонија и претседателот на Европскиот совет пристигнаа во Киев

Премиерите на Велика Британија и Луксембург, претседателите на Молдавија и Естонија и претседателот на Европскиот совет пристигнаа во Киев

Киев, 24 август 2026 (МИА) – Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха соопшти дека во Киев пристигнаа премиерите на Велика Британија и Луксембург, Енди Барнам и Лук Фриден, претседателите на Молдавија и Естонија, Маја Санду и Алар Карис, и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„Утрово имавме задоволство на киевската железничка станица да ги пречекаме нашите сојузници, кои ни се придружија во одбележувањето на 35-годишнината од обновувањето на независноста на Украина“, напиша Сибиха на Х.

„Добредојдовте во Киев, Енди Барнам, Лук Фриден, Маја Санду, Алар Карис и Антонио Кошта. За Украина независноста не е апстрактна идеја. Ние ја одбранивме и покрај сите тешкотии. Во времиња како денешното, државите разбираат колку е важно да имаат сојузници“, додаде украинскиот дипломат.

Сибиха истакна дека Украинците знаат кои се нивните вистински пријатели.

„Длабоко сме им благодарни на нашите партнери кои застанаа со Украина, ги засилија нашите одбранбени капацитети и ни помогнаа да ја зачуваме слободата за која толку силно се боревме да ја вратиме. Вашата поддршка е дел од украинската сила“, нагласи Сибиха. јт/

Фото: Сибиха на Х