• понеделник, 06 април 2026

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Корисниците од ул. „Радика“, „Пелистерска“, „Струма“, „Огражден“, дел од „Карпошево Востание“, дел од „Манапо“ и дел од „Илинденска“ денеска ќе бидат со прекинато  водоснабдување, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Прекинот ќе биде поради промена на шибер од ф 100мм на ул.Струма бб и ќе почне од 12:50 часот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на работните активности. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан