• четврток, 25 декември 2025

Првите луѓе на МАЕИ на средба со Кастриот Робо, дипломатски советник на претседателот на Република Албанија

Првите луѓе на МАЕИ на средба со Кастриот Робо, дипломатски советник на претседателот на Република Албанија

Дебар, 18 декември 2025 (МИА) - Лидерот на  Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и потпретседателот Ендрит Фетаху, во претседателската резиденција во Тирана,  остварија средба со Кастриот Робо, дипломатски советник на Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Во фокусот на средбата беа прашања поврзани со улогата и положбата на македонската заедница во Албанија во контекст на процесот на европска интеграција и нејзиниот придонес во градењето на соживотот, дијалогот и општествената стабилност.

Посебен акцент беше ставен  на  актуелните предизвици и потреби на македонската заедница во однос на институционалната застапеност, образованието, културата и локалниот развој.

-Разговорот се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, при што беше истакната важноста на институционалната соработка и почитувањето на принципот на еднаквост и правата на сите заедници кои живеат во Република Албанија, информираат од партијата. вт/вј/

Фото: МАЕИ

 

Остани поврзан